НЕМА КРАЈ НА
ГЛАВОБОЛКИТЕ НА РОБУСНИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР
За жал наместо комплетно
опоравување, напаѓачот на Пелистер Благојче Главевски се соочува со нов физички
проблем, кој ќе го сопре и успори неговиот процес на рекуперација. Имено
битолчанецот почувствува болка во листот од десната нога и превентивно ги
прекина подготовките на Пелистер во Охрид и се врати во Битола
„Разговарам со лекарската служба и мислам дека не се работи за сериозна повреда. Нема никаква врска со оперираното колено, единствено почувствував болка во листот и превентивно ќе мора да мирувам. Многу повеќе ќе знам по консултација со лекарите и по направената снимка на мускулот„ вели Главевски. Тој минатата сезона беше прв клубски стрелец во опстанокот на Пелистер во Првата лига, а сезонава сеуште не одиграл ниту минута. Се повреди на еден од последните тренинзи пред летните подготовки во Банско и по операцијата скоро шест недели тренираше без никаков проблем. Дури и одигра одредени минути на контролните средби со Новаци, Ренова и Борац Чачак. Пелистер кубури со офанзивни проблеми по заминувањата на Стенио Жуниор и Алтипармаковски. Покрај Главевски, стручниот штаб на битолчани ги има уште Воденичаров, Милевски и Марковски во улогата на централен напаѓач.

Нема коментара:
Постави коментар