ЛЕСНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КОНТРОЛНИОТ МЕЧ ВО ОХРИД ПРОТИВ РЕНОВА ОД ЏЕБЧИШТЕ
Пелистер - Ренова
2:0 (1:0)
Стадион „Биљанини
извори„ Охрид. Гледачи: 50
Главен судија:
Благојче Ралевски
Асистенти: Никола
Дрновски и Никола Дацовски (сите од Битола)
Стрелци: Љамчевски
во 15 и Ковачев во 72 минута за Пелистер
Пелистер:
Пашовски, Брадаровски,Ковачев,
Магловски, Миленковски, Христов, Мојсов, Анастасов, Љамчевски, Елмазовски, Воденичаров
Уште играа:
Апостоловски, Ристевски, Петковски, Марковски, Трајковски, Мирчевски, Милевски, Дуков, Велевски,
Кузманов
Екипата на Пелистер во вториот натпревар во Охрид ја
забележа првата победа. „Зелено белите“ на Атина Бојаџи поуспешни беа од тимот
на Ренова со 2:0. Претходно фудбалерите на Пелистер претрпеа пораз од Јавор 3:0.
На дождливото време во Охрид подобро се снајдоа фудбалерите на Пелистер, кои
уште на стартот со голот на Петар Љамчевски поведоа со 1:0. Во вториот дел
двата тренери ги сменија речиси сите фудбалери на теренот. И „втората„ постава
се покажа како подобра на Пелистер откако со голот на Ковачев ја запечатија
победата. Прволигашот од Џепчиште в петок со почеток во 12 часот ќе се сретне
со третолигашот Младост од Царев Двор, а Пелистер в недела игра со Јавор исто така во Охрид.
Нема коментара:
Постави коментар