КК ПЕЛИСТЕР НЕМА
ПЕТОРКА ЗА НАТПРЕВАР ОВАА ПРОЛЕТ
Да бидеме реални, со години
кошаркарскиот спорт влече проблеми од финансиски и организационен карактер. Од
заминувањето на Марио Трифуновски и
спонзорот Свислион, Пелистер има само една цел - како клубот да не пропадне, па
ако е возможно и да обезбеди опстанок. Но тоа со години мора да го прави врз
база на ентузијазам, без редовни плати, скоро секогаш со домашни кошаркари.
И ако сегашната и претходните управи максимално се обидувале да врзат крај со крај, овој пат се чини спас нема. На две недели до почетокот на вториот дел од шампионатот, Пелистер не знае дали и како ќе го игра вториот дел од шампионатот. Имено деновите бродот кој што тоне го напуштија сите и Пелистер кој знае дали ќе пронајде петорка да игра на официјалните мечеви. Дури и легендарниот капитен Зоран Петковски не настапува за клубот, заминаа српските интернационалци кои играа за време на есента и тоа откако самите си платија сертификат само за да одржуваат форма. Остана само Никола Вукасовиќ, кој заедно со Ѓорѓи Анакиевски и Даниел Захариевски сеуште тренираат бидејќи го сакаат овој спорт и ништо повеќе. Но ако поразот од 50 разлика во Куп мечот со Фени Индустри и само 33 постигнати поени во Кавадарци служеа само за потсмев, работата сега е повеќе мизерна отколку смешна. На Пелистер не му гине одпаѓање, а можно е и тоа да дојде на зелена маса, бидејќи ако првенството почнува овој викенд, Пелистер нема петорка за натпревар. Верувале или не, во 2014 година и тоа е можно...

Нема коментара:
Постави коментар