ВТОРА ПОБЕДА ВО СЕДУМ ДЕНА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ ОХРИД ВО ПОДГОТВИТЕЛНИОТ ПЕРИОД
Охрид - Пелистер 28:29
(13:14)
Спортска сала
„Биљанини извори„ - Охрид. Гледачи: 600
Охрид:
Пецаков,
Анѓелкоски, Томовски 2, Андоновски 4, Бојан Белевски 2, Мирков, Николоски 3,
Трифуноски 3, Тасески, Китевски 3, Соколов, Крстески 3, Костески4, Валентино
Белевски 4, Димитриоски
Пелистер:
Божиновски,
Вакаруз, Иливски 3, Јуравлеов 5, Георгиевски 1, Кузмановски 1, Дрогришки 4,
Десарап 1, Чурлевски 1, Ракочевиќ 1, Вешовски 5, Блажевски 4, Димитровски 1,
Јанев 1, Силиќ
Втор меч и втора победа на
ракометарите на Пелистер во контролните средби со Охрид во предсезоната. По +6
во Битола, вечерва во спортската сала „Биљанини извори„ во Охрид, момците на
Томче Петрески славеа со еден гол разлика . За разлика од пред една недела,
битолчани сега беа скоро комплетни со враќањето на ракометарите од Украина и
Молдавија и се чека само французинот Крис Нкунгуа. Тренерот на пелистерци сепак
мечот го почна само со македонски ракометари, со Божиновск на голот, Филип Чурлевски
како организатор и Дарко Јанев на линијата од шест метри. Така целиот прв дел
беше израмнет, со дури седум резултатски издначувања. Ниту една од екипите во
овој период не отиде на +4. На крилата на 600-700 гледачи, охриѓани подобро
отворија и преку Китески и Валентин Белески имаа водства од 4:2 и 5:3. Но
подоцна Вешовски, Јанев и Илиевски направија мини-пресврт и од 21 минута, па се
до полувремето зелените водеа со 1-2 гола разлика. Во вториот дел битолчани
успеаја да ја задржат предноста, а шанса за докажување добија сите играчи од
двете екипи. Во играта влегоа петте странски засилувања и помеѓу 35 и 45
минута, предноста порасна до +4. Вешовски погоди над зоната, одлично разигруваше
и Јуравлеов и на половина од второто полувреме, битолчани побегнаа на 18:22.
Иако охридскиот состав даде се од себе и се врати на два пати до -1, украинецот
Јуравлеов и Дрогришки ги решија дилемите околу победникот. Добар контролен меч
и уште 60 корисни минути во нозете за момците на Томче Петрески. Пред наредните
два меча со Пролет наредната недела, Пелистер ќе биде комплетен и со Нкунгуа на
голот и со опоравувањето на Славиша Димитриевски.
Нема коментара:
Постави коментар