КАКО И МИНАТАТА
ГОДИНА, МОТОКРОСИСТИТЕ ОД БИТОЛА ЈА НАПОЛНИЈА ВИТРИНАТА СО ТРОФЕИ
Ако има
инвидуален спорт во кој битолчани доминираат, тоа дефинитивно е мотокросот.На
последната седница на Федерацијата за мото спорт беа верификувани шампионските
титули на тројцата битолски мотокросисти. Од Мото-клубот „ЛТД спортс“ за шампиони се прогласени Борче Костов во класата МХ3, во мото-крос
и ендуро конкуренција и Никола
Гулевски во класата МХ2, исто
така во двете конкуренции.
Од мото-клубот „Мото-старс„ Христијан Станковиќ е шампион на македонија во младинска категорија во класата МХ-85. Оваа победа на Станковиќ потврдува дека Битола е расадник на млади таленти и дека тој е наследникот на Жолтио, Кико, Паното и останати славни битолски имиња на овој спорт. Свеченото доделување на признанијата и златните кациги на Костов и Гулевски ќе биде закажано дополнително во Скопје.

Нема коментара:
Постави коментар