ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ СПОРТСКИ ОБЈЕКТ НАМЕНЕТ ЗА СТРЕЛАШТВО ВО НАШИОТ ГРАД
Со денешното пуштање во употреба на стреланата исполнето е
ветувањето кон параолимпијката Оливера Наковска Бикова, но и кон другите
љубители на стрелаштво од опшината кои исто така ќе можат да го користат овој
објект.
Инвестицијата за проектот е на локалната самоуправа и изнесува 1 300 000 денари
Инвестицијата за проектот е на локалната самоуправа и изнесува 1 300 000 денари
„На златната шампионка Оливера Наковска Бикова и ветивме дека ќе и
ги подобриме условите за максимално добри тренинзи. Новата спортска стрелана е
на две нивоа, на првото ниво се поставени 10 стрелачки мети, а на второто ниво
ќе бидат поставени електронски мети. Очекуваме посебен интерес да искажат
младите. Се воодушевуваме на успесите на Оливера Наковска Бикова и затоа
инвестиравме во ваков објект„ изјави
веднаш по отворањето на новиот објект, градоначалникот Владимир Талески
„ Се
надевам дека сега младите ќе ги привлечеме да дојдат и да тренираат за овој
специфичен спорт. Сега во овој нов објект ќе тренираме во подобри услови а се
надевам дека со тоа ќе се зголемат и нашите успеси.Вие досега знаете каде
тренирав и во какви услови." изјави златната параолимпијка Оливера
Наковска Бикова.
Нема коментара:
Постави коментар