ВРАЌАЊЕТО НА
ГОЛУБОВИЌ ДОНЕСЕ НОВА ЕНЕРГИЈА, НО ПЕЛИСТЕР НЕМАШЕ СИЛИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ПРОТИВ
РАБОТНИЧКИ
Пелистер -
Работнички 72:107 (20:29, 17:19, 14:30, 21:29)
Со добра игра во одбрана, момците на Печалов парираа во текот на првите 15-20 минути. Захариевски и Голубовиќ добро играа во одбрана под обрачите, а Вукасовиќ и Голубовиќ во нападот го полнеа кошот на гостите. Во тој ритам предноста на Работнички не можеше да отиде преку 10 разлика. На големиот одмор екипата на Рајковиќ имаше 37:48 и малкубројната публика во спортската сала „Младост„ се надевеше на чудо. Пред се мотивиран беше повратникот Мико Голубовиќ, кој пред неколку дена се врати од Грција и до крајот на сезоната ќе игра за Пелистер. Тој целосно ги надигра скопските центри и додека и него и екипата ги држеа енергијата и физичката сила парираа. Но во третата четвртина, Работнички комплетно одскокна заради подолгата клупа и побегна на +20. Целата прва петорка на црвените се разигра и пред се Икониќ, Красиќ и Соколов погодуваа во серија. Така со 10:2 во централната фаза на третата четвртина, победникот беше решен. Во победничката екипа на Работнички, србинот Красиќ постигна 31 поен, Икониќ додаде 29, Соколов 20, а Брчков 18 поени. Кај Пелистер Мико Голубовиќ со 30 поени бепе „прва виолина„ а добри беа и Никола Вукасовиќ со 19 и Апцев со 8 поени. 13 меч и 13 пораз за момците на Печалов и „фенерџиско„ место на табелата во пресрет на мечот со Куманово во гости наредниот викенд.
Нема коментара:
Постави коментар