ЖРК ПЕЛИСТЕР ДОНЕСЕ НЕКОЛКУ ЗАСИЛУВАЊА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Искусната 31 годишна
Мери Гичева од соседниот Прилеп е најголемото зсилување за ЖРК Пелистер за
новата сезона. Се работи за ракометарка со големо искуство, бидејќи настапуваше
во Грција, Косово, Италија и Романија. Покрај Гичева, екипата на Борче
Марковски ја засилија и Маја Ивановска од Металург и Елена Крстевска од Прилеп.
За разлика од ланскиот ростер битолскиот суперлигаш го напуштија четири
ракометарки: Тамара Дмитриќ, Сабина Етемовска, Ева Гаштевска и Ивана Јанчевска.
Во следната сезона ЖРК Пелистер ќе игра во Европа, во Челинџ Купот.
Нема коментара:
Постави коментар