ПО БРДАРОВСКИ И ГАЧЕВСКИ СТАНА ВАРДАРЕЦ, ПА СКОРО ДА ИМА ПОВЕЌЕ БИТОЛЧАНИ ОД СКОПЈАНИ КАЈ ШАМПИОНОТ
Вардар го промовираше и четвртото засилување, станува збор
за голманот Филип Гачевски кој минатата сезона во голема форма бранеше за
Брегалница Штип. Голманот Филип Гачевски стави потпис на три годишен договор со
Вардар и ќе биде петти битолчанецот во сениорската екипа на Вардар по Пачовски,
Спировски, Љамчевски и Брдаровски.
„Среќен сум што станав дел од најголемиот
клуб во Македонија. Ова за мене претсавува нов предизвик. Горд сум што во
минатата сезона моите добри настапи и долгите минути без примен гол биле
забележани од Вардар и ме ангажираа во своите редови. Тука ќе бидам во следните
три години“ изјави Гачевски по потпишувањето на договорот. Тој е четврто
засилување за црвено-црните оваа сезона. Претходно Вардар потпиша со Ацо
Стојков, Бобан Николов и Владица Брдаровски.
Нема коментара:
Постави коментар