НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ МОТОКРОС ВОЗАЧ СО НОВ БЛЕСОК, ОВОЈ ПАТ НА ГРЧКИОТ ОТВОРЕН ШАМПИОНАТ
Помеѓу две трки
од источно-европскиот шампионат, битолскиот мотокрос возач Христијан Илиоски
учествуваше и победи на отвореното првенство на Грција во Јаница. Кико ја опиша
трката и неприликите кои ги имаше и потенцираше дека овој викенд ќе му послужи
пред трките на покомплицирани патеки и со поголема конкуренција:
„Натпреварот
кој се одржа во Јаница за мене беше добра трка. Саботата на квалификациите
имавме убав топол ден со убаво припремена патека, па се возеше одлично и имав
прво време во квалификациите.
Но следното утро заврна многу дожд, па патеката стана многу полоша и се возеше
по каллиц терен. По 10 минути имав пад, но моја предност беше тоа што моторот не ми изгасна и ја задржав
предноста. Но пред самиот финиш на 500 метри до последниот круг се лизнав и повторно паднав, но овај пат изгасна и моторот и завршив
втор на целта со загубено драгоцено време. Во втората трка возев повнимателно и
останав од почеток до крајот на првото место.
Најважно е што на тешката патека
направив добар тренинг и го донесов
првото место на отворениот шампионат на Грција против добри возачи и многу подготвени тимови. Деновиве
патувам за Србија, за Глобаре во рамките на источно-европскиот шампионат и исто
така очекувам добар резултат и на таа трка„ потенцираше Илиоски. Видлив е неговиот подобар резултат со новиот мотор и
со оптимизам најдобриот македонскио мотокрос возач гледа на иднината.
Нема коментара:
Постави коментар