ОДЛИЧЕН ТУРНИР ВО ИТАЛИЈА ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КРИСТИЈАН ТРАПАНОВСКИ
Младиот фудбалер
кој настапува за Академија Пандев, а е производ на фудбалската школа „Талент„
од Битола, Кристијан Трапановски блесна на турнирот во чест на легендарниот
Гаетано Ширеа.
Трапановски на овој турнир го носи дресот на белградски Партизан
и беше стрелец во мечот од четвртфиналето против Викторија Плзен во победата од
3:1. Со тоа црно-белите каде тренер е Кецман, во полуфиналето ќе се сретнат со
Рома. Второто полуфинале го сочинуваат Јувентус и АСМА Дакар. Трапановски е
стандарден репрезентативец во селекцијата на Македонија до 16 години.
Нема коментара:
Постави коментар