БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР ГО НАПУШТИ ВОЖДОВАЦ ЗА ДА МИНЕ ВО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ
Десниот бек Томе
Китановски по шест месеци минати во Вождовац, каде настапуваше стандардно и го
освои 14 место, ја менува средината, но останува во српската Јелен супер лига.
Негов нов клуб е Младост Лучани и битолчанецот веќе се приклучи на подготовките
со својата нова екипа на Златибор.
„Се работи за добар клуб. Слушам добри
работи за Младост, дека се работи професионално и на сите нивоа во клубот.
Целта ми е да ме послужи здравјето, да одиграм што е можно повеќе натпревари и
заедно со тимот да ги оствариме зацртаните цели„ истакна Томе Китановски за
официјалната страна на Младост Лучани. Оваа екипа во штотуку завршениот шампионат
на Србија го освои 9 есто. Китановски пред Вождовац настапуваше за Пелистер и
Универзитатеа Крајова. Има и шест настапи за младинската репрезентација на
Македонија.
Нема коментара:
Постави коментар