НА ПОВИДОК Е УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ - РАБОТНИЧКИ ГО КУПУВА ДРАГАРСКИ?
Дефанзивецот кој
потекнува од школата на Пелистер Христијан Драгарски е следниот кој може да се врати од странство и да се
препознае во некој од домашните проекти. Фудбалерот на Конкордија е пред
трансфер во победникот на Купот, Работнички, откако се ослободи
од договорот со романскиот клуб.
23 годишниот Драгарски е беше стандарден младински репрезентативец
на Македонија и може да игра на сите
позиции во одбраната. Откако
Вардар во неполна година доведе пет битолчани, сега Работнички ја зголемува
својата битолска колонија. Алтипармаковски е еден од клучните фудбалери,
минатата недела за дебармаалци потпиша Кире Ристевски од албанската Тирана, а
следен е веројатно Драгарски.
Нема коментара:
Постави коментар