БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ПРОНАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН ВО СРБИЈА
Битолскиот дефанзивец Христијан Драгарски од денес е нов
член на српскиот прволигаш Радник Сурдулица со кој потпиша договор до јуни 2017 година. Драгарски како
слободен фудбалер доаѓа од романскиот тим Конкордија.
Тој, беше дел и од
младата селекција на Македонија, а кариерата ја започна и афирмацијата ја
стекна во Пелистер. Радник Сурдулица заврши на првата позиција минатата сезона
во Втората српска лига и со тоа обезбеди учество во Првата лига. Тој е втор
битолчанец во српската Јелен Супер лига по Томе Китановски, кој ова лето мина
од Вождовац во Младост Лучани.
Христијан Драгарски претходно беше
поврзуван со Работнички и Вардар и клубови од Кипар.
Нема коментара:
Постави коментар