ПЕЛИСТЕР ГО ДОВЕДЕ ТРЕТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
28 годишниот офанзивец
Нове Ацески е ново засилување на битолски Пелистер. Тој доаѓа од прилепска
Победа, која оваа година се врати во Втората лига. Ацески е искусен фудбалер кој
настапуваше покрај за Победа и за Напредок, 11 Октомври и хрватскиот Интер
Запрешич.
Може да игра во нападот и во офанзивната линија на средниот ред и ќе
му биде од голема корист на новиот тренер на пелистерци, Зоран Штерјовски.
Претходно Пелистер ги официјализира Благојче Главевски и Денис Димитроски.
Нема коментара:
Постави коментар