ВО МЕЧ СО
ОДНАПРЕД ПОЗНАТ ИСХОД, ПЕЛИСТЕР ПРОКНИЖИ ПРЕДВИДЕНИ БОДОВИ СО ОВЧЕ ПОЛЕ
Пелистер - Овче
Поле 29:17 (15:8)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Војо
Христовски и Бобан Мајнов (Скопје)
Делегат: Камер
Металари
Пелистер:
Нкуингуа, Х.
Талевски, Игнов, Дрогришки 2, Блажевски 10, Димитровски 6, Чурлевски 1,
Илиевски 3, Босеовски 1, Димитриески 1, Вешовски 2, Георгиевски 2, Нечков, Н.
Ивановски 1, Печенковски, Божиновски
Седмерци: 0/0
Исклучувања: 4 минути
Овче Поле:
Бетувски, Наумов
2, Ѓорчев 2, Зафировски 1, Милковски, Панев 6, Јордев 1, Паунков, Јосифов 5,
Митрушевски
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 2
минути
Во натпревар за заборав со два
нерамноправни противници, Пелистер полесно од предвиденото го скрши отпорот на
гостите од Свети Николе. Избраниицте на Поповски и Николовски, започнаа
агресивно во одбрана и со одличен учинок во нападот. Со многу голови од контранапади
и со брза транзиција, веќе во 12 минута беше 12:3 за пелистерци. Кога
натпреварот веќе им се излизга од раце, гостите од Свети Николе се консолидираа
и преку Панев и Јосифов до одморот дојдод до поднослив дефицит (15:8) Домашната
клупа им даде доверба на скоро сите ракометари, а посебно мотивиран беше
Блажевски, кој постигна 10 гола, од кои 6 во првото полувреме. Во централната
фаза од второто полувреме, Дрогришки и Георгиевски со по два гола ја надминаа
разликата од 10 гола и во 49 минута, Пелистер поведе со двоцифрен број на
голови (23:12). Само симболика во последните 10 минути, испреплетени со грешки
од двете страни и победа на Пелистер за враќање на самодовербата по поразот во
Куманово, а пред директната пресметка со Тинекс Пролет во наредното коло.
Нема коментара:
Постави коментар