СО ПОРАЗ ОД 46
РАЗЛИКА, КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌААТ ОД ГОСТУВАЊЕТО КАЈ РАБОТНИЧКИ
Работнички -
Пелистер 113:67 (31:18, 21:10, 33:23, 21:16)
Во Градскиот парк во Скопје, Пелистер играше изедначена
кошарка со Работнички само во првите пет минути, но Симоновски и Соколов со
прецизни удари од далечина почнаа серија за својата екипа, која до крајот на
периодот го одведе работнички до високи 31:18.
Скопскиот состав доминираше во сите сегменти од играта и постојано ја зголемуваше предноста, за по само три четвртини, Работнички веќе да стигне до 92 постигнати поени и водство од 41 поен разлика.. При таква ситуација, посериозна минутажа добија помладите кошаркари, кои го приведоа натпреварот кон крај за висок триумф од 113:67. Седуммина кошаркари во победничката екипа постигнаа двоцифрен број на поени, меѓу кои Соколов и Мбемба со по 18 поени беа најпрецизни. Синиша Аврамовски оствари дабл-дабл од 13 поени и 10 скокови. Кај Пелистер Спорт, Александар Калањ постигна 20 поени, а по 12 реализираа Вукасовиќ и Штурановиќ.

Нема коментара:
Постави коментар