ПО НЕКОЛКУ
ГОДИНИ, МАШКИОТ ПИНГ-ПОНГАРСКИ КЛУБ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА ВО НАШИОТ ГРАД
Битолскиот
пинг-понгарски клуб „Мултитекс„ ја заврши есенската полусезона во Втората
пинг-понгарска лига на високото второ место од шест екипи. Така по
возобнувањето најави подобри денови за овој спорт кој има голема традиција во
нашиот град. Тимот на Мултитекс во првите 5 кола забележа 4 победи и 1 пораз и
зад скопски Вардар Сити парк го освои второто место, пред пролетните пет кола. Одличен
резултат забележа и младиот Христијан Јовановски, кој го освои 4 место од 59
пинг-понгари на државното првенство за средни училишта. Одличен нов почеток и
голем организационен прогрес на овој клуб, кој се наоѓа на добар пат за враќање
во најсилното друштво.
ППК Мултитекс Битола е новоформиран пинг-понг клуб. Клубот функционира благодарение на спонзорот компанијата Мултитекс од Битола. Формирањето на клубот е по заслуга на Тоше Гроздановски, како и ентузијазмот на Томе Петков, и Борче Талевски. Во плановите на клубот е во наредната сезона да се натпреварува вбо Првата пинг-понгарска лига на Македонија.
ОдговориИзбриши