ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД
ОСМОТО КОЛО, ПЕЛИСТЕР КОНЕЧНО СЕ ИЗРАДУВА НА ПРВАТА ПОБЕДА ОД МАЈ ОВАА ГОДИНА
Maкедонија
младинци - Пелистер 62:71 (14:23, 17:16, 19:14, 12:18)
Во интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси да
стигнат до победата, Пелистер Спорт беше поуспешен од селекцијата на млади
кошаркари, победувајќи со 71:62. Со овој натпревар се отвори осмото прволигашко
коло, а останатите натпревари се играат во петок и сабота.
Без Александар Калањ настапи Пелистер Спорт на овој натпревар, но отсуства поради повреди имаше и во составот на Марјан Лазовски, па по изедначените први неколку минути од натпреварот, со двете тројки во низа на Петар Апцев, битолчани први стигнаа до поопиплива предност од 9 поени (23:14). Филип Бакоч беше највпечатлив во тимот на Македонија Млади во тој период од играта, за во втората четвртина, по поените на Вукасовиќ, Пелистер за прв пат да поведе и со двоцифрена разлика. Пред крајот на полувремето, Мекиќ, Булатовиќ и Нацевски постигнаа поени во низа за домашниот тим за намалување на 34:28, но следуваа неколку грешки кои Пелистер ги искористи и на полувреме замина со предност од 39:31. Во третата четвртина, разликата постојано се движеше околу 10 поени, за сепак, со намалување на бројот на загубени топки и со петтата лична грешка на Штурановиќ, Македонија Млади да се врати и да намали на 53:50, резултат со кој се влезе во последните 10 минути. А таму, уште на самиот почеток, домашните кошаркари повторно направија неколку грешки во серија, па Пелистер предводен од Вукасовиќ, Апцев и Симеуновиќ уште еднаш се одлепи на двоцифрена разлика, која овој пат ја задржа за победа од 71:62. Апцев со 18 поени и 9 скокови беше најдобар поединец кај Пелистер Спорт, а впечатлив натпревар одиграа и Вукасовиќ и Симеуновиќ. Во тимот на Македонија Млади, Бакоч оствари добар статистички учинок од 16 поени и 7 скокови, како единствен со двоцифрен број на поени.

Нема коментара:
Постави коментар