РИСТЕВСКИ ВО
АЛБАНИЈА ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СО ДОБРИТЕ ИГРИ ВО БИЛИС
Веќе неколку години 23 годишниот
Кире Ристевски настапува во алабанската Прва лига. Некогашниот лев бек на
Пелистер и на младинската репрезентација е капитен на прволигашот Билис од
малото место Балш и минува прекрасни моменти во својот клуб.
Со тешко издвојуваната победа од 1:0 против првакот Скендербег од Корча, неговата екипа направи голем подвиг и во изедначениот албански шампионат направи чекор кон опстанокот
Со тешко издвојуваната победа од 1:0 против првакот Скендербег од Корча, неговата екипа направи голем подвиг и во изедначениот албански шампионат направи чекор кон опстанокот
„Многу е тешко да се игра во албанската лига. Екипите се изедначени,
тешко се освојуваат бодови на гости, физички сите прволигаши се добро
подготвени. По традиција добро играме со Скендербег и овој пат се надминавме
себе си. Сега полесно се дише, но борбата за опстанок е се уште долга. Имам
договор со Билис до крајот на оваа година и се уште сум во преговори за
продолжување. Во оваа екипа сум капитен, ме ценат и одлично ми е тука. Но
неколку екипи од самиот врв на албанската лига ме контактираа и можно е да
заиграм во некој поамбициозен клуб. Сепак најважен е континуитетот и верувам
дека како и во претходните неколку сезони ќе играм редовно и квалитетно„ ни
рече битолчанецот во неколкуте слободни денови помеѓу две прволигашки кола во
Албанија. Ристевски за младата репрезентација на Македонија одигра 22
натпревари.
Нема коментара:
Постави коментар