ЧЕТВРТ МЕЧ И
ЧЕТВРТ ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО
Пелистер - Вардар
75:85 (18:30, 16:20, 16:16, 25:19)
Во „Младост“ во Битола, Вардар Апаве главната предност ја
направи уште во првата четвртина, додека во остатокот од натпреварот знаеше да
ја задржи и да оствари многу важен триумф против конкурентот за опстанок
Пелистер Спорт, втор по победата над Фени минатиот викенд.
Жарко Ѓуриќ одлично го отвори натпреварот постигнувајќи ги првите шест поени за својата екипа, а потоа се придодадоа и останатите играчи од тимот, за водство на Вардар Апаве од 30:18 по првите 10 минути. Домашните кошаркари инсистираа на шутеви од далечина, но додека слабо одеше реализацијата, скопскиот состав стигна и до 19 поени предност пред полувремето. Вардар Апаве успеа да го задржи ритамот во нападот и во продолжението од натпреварот, не дозволувајќи Пелистер Спорт во ниту еден момент да се врати на едноцифрена разлика, за заслужен триумф од 85:75. Вкупно 7 тројки од 36 обиди реализираше Пелистер, меѓу кои 4 постигна Зоран петковски кој беше еден од подобрите на паркетот. Со двоцифрен број на поени завршија и Штурановиќ, Вукасовиќ и Анакиевски. Кај Вардар Апаве, Жарко Ѓуриќ уште еднаш заврши како најпрецизен поединец со 22 поени, а одличен натпревар во Битола одиграа и Гајовиќ кој постигна 21 поен со 9 скокови и 4 асистенции и Костески со 19 поени и 6 скокови.

Нема коментара:
Постави коментар