ВО ВТОРОЛИГАШКИ ДУЕЛ ВО СТРУГА, ПЕЛИСТЕР И ЕУРОМИЛК ИГРАА СО НАЈНЕПОПУЛАРНИОТ РЕЗУЛТАТ
Пелистер -
Еуромилк 0:0
Во третиот
контролен натпревар во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер одиграа
0:0 на стадионот на Караорман во Струга, против второлигашот Еуромилк од Горно
Лисиче.
Пелистер настапи со комбиниран тим, а за прв пат во подготовките
настапија Лампевски и Јоциќ. Младите сили на Штерјовски создадоа неколку шанси
за гол, главно во второто полувреме, но резултатот не се менуваше. Лоша вест е
повредата на Иве Трифуновски кој незгодно го свитка скочниот зглоб и само што
влезе во вториот дел, веднаш беше заменет. Во последните 10 минути, на два пати
Денис Димитроски со глава по прекини и еднаш Лампевски по центаршутот на Јоциќ
имаа големи шанси за гол, но не ги искористија. Пелистер мечот го почна во
следниот тим: Атанасовски, Лампевски, Димитроски, Степановски, Миленковски, Љамчевски,
Мустафов, Мирчевски, Стојковски, Недановски, Главевски. Во вториот дел шанса
добија Додевски, Трифуновски, Трпевски, Јоциќ, Ацески. Следниот контролен меч,
момците на Штерјовски и Капинковски ќе го имаат в петок против Младост Царев
двор.
Нема коментара:
Постави коментар