НА ПОВИДОК Е ЧЕТВРТО НОВО ИМЕ ВО БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Ракометарот на
Металург јуниор, Борјан Маџовски само денови го делат од дресот на Пелистер. По
неколку неделни преговори конечно сите детали се договорени и веројатно на
почетокот од наредната недела и официјално младинскиот репрезентативец ќе стане
ракометар на битолскиот суперлигаш.
Тој ќе биде четврто засилување во овој
преоден рок за новиот Пелистер по Арсиќ, Топиќ и Митревски. Планот на
пелистерци е да ја комплетираат екипата до првата прозивка закажана за 5
август. До тогаш треба да пристигнат уште 2,3 ракометари.
Нема коментара:
Постави коментар