ОФИЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕМИНОТ НА ШУНДОВСКИ НА КЛУПАТА НА ВИЦЕШАМПИОНОТ НА РОМАНИЈА, БУКУРЕШТ
Битолскиот ракометен тренер, Звонко Шундовски следната
сезона ќе го води актуелниот вицепрвак на Романија, Букурешт.
„Досега беше
шпекулација и нагаѓања, но сега можам да потврдам дека ќе бидам тренер на ЧСМ
Букурешт. Во Романија сум веќе три години, се адаптирав, ја запознав лигата и
со новиот клуб пак ќе се борам за освојување на шампионска титула. Букурешт е
амбициозен проект, има многу добри ракометари во тимот,„ истакна Шундовски, кој ја напушта Констанца по две успешни
сезони и освоени трофеи во романскиот ракомет. Исто така со оваа екипа стигна на фајнал-фор на
ЕХФ Купот во Берлин минатата година.
Нема коментара:
Постави коментар