РЕМИ И ВО ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО ПРВОЛИГАШ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Пелистер -
Металург 1:1 (1:0)
Во вториот
пријателски натпревар во подготовките за новата сезона, Пелистер пак одигра
1:1, овој пат против Металург во Охрид. Битолчани поведоа со голот на Нове
Ацески од пенал кој го изнуди младиот Недановски во 45 минута, а скопјани
израмнија преку Додовски во 67 минута.
Пелистер остави подобар впечаток против
младата и полетната екипа на Металург, која од оваа сезона ја води
Герасимовски. Битолчани мечот го почнаа во следниот состав: Пашовски,
Петковски, Додевски, Степановски, Миленковски, Љамчевски, Мирчевски, Ацески,
Недановски, Стојковски, Главевски. Во вториот дел шанса добија: Атанасовски,
Трајковски, Крстески, Димитриоски, Трифуновски, Лампевски, Тодоровски,
Здравевски. Во последните 18 минути шанса доби и младиот Бобан Здравевски кој
дебитираше на неполни 16 години, играјќи како најистурен напаѓач. Следниот
контролен натпревар екипата на Штерјовски и Капинковски, ќе го игра в среда на
15 јули против Еуромилк на стадионот „Биљанини извори„ во Охрид.
Нема коментара:
Постави коментар