Како и што се
шпекулираше веќе неколку дена, хрватскиот кружен напаѓач. Петар Топиќ потпиша
двегодишен договор со Пелистер. Тоа значи враќање во Македонија на бившиот
ракометар на Металург и големо засилување на битолскиот суперлигаш.
По
потпишувањето на договорот со голманот Арсиќ, битолчани доведоа уште едно
големо засилување и според зборовите на управниот одбор недостигаат уште три
домашни засилувања за ростерот за сезоната 2014/15 да биде комплетен. Стартот
на подготовките на екипата која ќе ја водат Николовски и Поповски, е закажан за
5 август од 17 часот во Битола.
Нема коментара:
Постави коментар