ТРЕТА
ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер -
Радовиш 30:21 (17:10)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Никола
Вељанов и Мирче Јанов (Кавадарци)
Делегат: Васил
Чавдаров (Богданци)
Пелистер:
Нкунгуа, Талевски
1, Игнов 3, Рајатовски, Блажевски 6, Димитровски 5, Чурлевски 2, Илиевски,
Босеовски 2, Георгиевски 4, Дрогришки 7, Димитријевски, Нечков, Ивановски, Божиновски,
Печенковски
Седмерци: 8/6
Исклучувања: 6
минути
Радовиш:
Трајковски,
Василев, Конзулов 1, Марков, Илиев 4, Долдуров 2, Мијалов 2, Ѓорѓиев 6, Митев 1,
Јанев 1, Николиќ 4, Ордев, Филиев, Спасов
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12
минути
Ракометарите на Пелистер ја
забележаа третата последователна победа, откако лесно го совладаа новиот член
на елитата Радовиш со 9 разлика. Екипата на Поповски бодрена од 500 љубители на
ракометот, авторитетно од првата до последната минута ја покажа својата
доминација над младата екипа од Радовиш. Блажевски и Димитровски одлично го
отворија мечот и со голови на крилата и кружниот напаѓач, Пелистер отиде на 9:2
по само 10 минути игра. Да не беше Ѓорѓиев и неговите голови од надворешните
позиции, разликата многу брзо ќе достигнеше двоцифрени бројки (12:6). До
одморот серија на голови на одличниот Дрогришки, кој веќе е реалност а не само
талент во овој битолски тим, го донесе Пелистер до +7. Во вториот дел принципот
на цврста одбрана, интервенциите на Крис Нкуингуа и три гола на Пелистер на
секој гол на Радовиш, го решија прашањето на победникот многу порано од звукот
на сирената. Игнов и пак Дрогришки во 41 минута ги носат најубедливите 21:12.
Гостите возвратија со серија од 4:0 преку Илиев и Ѓоргиев и дојдоа до 21:16. Но
пак Пелистер ја среди одбраната и Филип Чурлевски и Босеовски ја завршија работата.
До крајот шанса добија сите ракометари на Пелистер и со уште еден нов триумф,
заборавен е поразот на стартот од сезоната со Тинекс Пролет во Скопје.
Нема коментара:
Постави коментар