ПО ПОЧЕТНИОТ
ПОРАЗ ОД ТИНЕКС, ПЕЛИСТЕР СО ДВЕ ЛЕСНИ ПОБЕДИ ГО ПОДИГА МОРАЛОТ
Текстилец -
Пелистер 22:26 (9:13)
Како и што се очекуваше
ракометарите на Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и во Штип го совладаа
младиот тим на Текстилец со 4 гола разлика и полека, но сигурно добиваат
самодоверба пред важните мечеви. Конкретно против Текстилец избраниците на
Поповски и Николовски одлично почнаа и со голови на крилата брзо отидоа на 5:2
и 7:4. Бројот на технички грешки на штипјани растеше, а екипата на Пелистер тоа
знаеше да го искористи. До одморот Ѓорѓиевски, Чурлевски и останатите ги одржаа
тие 3-4 разлика и го принудија противникот да игра агресивно во вториот дел.
Таа игра на работ на ризик им донесе многу исклучувања на ракометарите на
Текстилец, а битолчани тоа знаеа да го казнат. Серија на голови со човек повеќе
и три искористени седмерци, без притисок на Пелистер му донесоа лесна победа и
нови бодови. По првиот пораз, екипата од Битола со двете победи над Охрид и
Текстилец полека се искачува на врвот на табелата и со нетрпение го чека мечот
со струмички Зомимак, најсилната екипа во оваа фаза од сезоната.
Нема коментара:
Постави коментар