Powered By Blogger

13. 10. 2013.

Алтипармаковски обезбеди минималец пред реваншот

ТВРД И НЕ МНОГУ КВАЛИТЕТЕН МЕЧ ВО БИТОЛА. ВО КОЈ ЕДЕН ДЕТАЛ ВО ПРВИОТ ДЕЛ ЈА ОДЛУЧИ ПРВАТА ПОЛОВИНА НА ЧЕТВРТФИНАЛНИОТ ДУЕЛ
Куп на Македонија (Четвртфинале) - 1 меч

Пелистер - Работнички 1:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1500
Главен судија: Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо Јорданоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп)
Делегат: Светозар Станковски (Скопје)
Стрелец: Алтипармаковски во 22 минута за Пелистер
Жолти картони: Ковачев, Драгарски, Китановски (Пелистер), Маркоски, Усеини (Работнички)
Црвени картони: Драгарски во 74 минута за Пелистер

Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Ковачев, Драгарски, Китановски, Христов, Анастасов, Елмазовски, Миленковски (од 53м. Љамчевски), Стенио Жуниор (од 90м. Велевски), Алтипармаковски (од 76м. Мојсов)

Работнички:
Зечевиќ, Најдоски, Тодоровски, К. Велковски, Силјановски, Д. Велковски (од 46м. Марковски), Петровиќ, Милушев, Усеини, Зајков (од 81м. Имери), Илиевски

Играч на натпреварот:
Марјан Алтипармаковски (Пелистер)
            Во прекрасен амбиент под Тумбе кафе овој пат се собраа 1000 љубители на фудбалот за првата половина од четвртфиналната пресметка меѓу Пелистер и Работнички. По три минути игра Благоја Тодоровски со удар по земја, ја упати првата закана кон Пашовски, кој без проблеми одбрани. Две минути подоцна по уште една убава акција на бело-црвените, Крсте Велковски ја погоди мрежата од надворешната страна. Одговорот на пелистерци беше преоптимистичкиот шут на Николај Хрисотв од 30 метри во 7 минута, но биеше високо преку голот. Во 13 минута Миленковски не ја зафати најдобро топката по упатениот центаршут од Илир Елмазовски од десната страна. Точно на половина од играта во првиот дел, Александар Анастасов проби по левата страна и убаво центрираше, а Марјан Алтипармаковски од само 5-6 метри ја смести топката зад грбот на Зечевиќ. Наградена иницијативата во централната фаза на првиот дел на избраниците на Драган Бочевски. Две минути подоцна по корнерот на Елмазовски, голманот Зечевиќ грубо погреши, а Стенио Жуниор со ножички од неколку метри го префрли голот. Требаше да се доближи крајот на првиот дел, за гостите да се заканат. Крсте Велковски во 41 минута се обиде од слободен удар, но Пашовски сигурен на голот.
            Вториот дел започна мирно, а пелистерци во 53 минита мораа принудно да менуваат. Заради повреда Миленковски своето место му го отстапи на Петар Љамчевски во 53 минута. По долг период без закани, во 65 минута Китановски и Алтипармаковски двојно проиграа, но брзоногиот лев бек на Пелистер се прекомбинира и шансата отиде во неврат. Во 74 минута во обид на Усеини да побегне, Драгарски го повлече за дресот, а прилепскиот судија Спиркоски оправдано му го покажа вториот жолт картон и патот кон соблекувалната. Во 82 минута само што влезе во игра Дамир Имери доби шанса од волеј на втора статива, но биеше млако и топката заврши крај дирекот на битолчани. Мечот стана нервозен, полн со прекини и практично без игра. Во судиското надополнување, Усеини биеше до 20 метри, но ударот заврши за малку крај десниот дирек на пелистерци. По четири минути судиско надополнување, Пелистер го сочува минималецот и пред возвратниот меч на 20 ноември има нешто поголеми шанси за презимување во Купот.         
Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

            Заврши само првото полувреме од четвртфиналето. Играа две изедначени екипи и детали решаваа околу финалниот исход. Задоволен сум што екипата реагираше по поразот од Вардар и одигравме дисциплинирано и конкретно. Сега се насочуваме кон мечевите од првенството, а се надевам дека и во реваншот со Работнички ќе бидеме максимално концентрирани.
  
Игор Ангеловски
(тренер на Работнички)

            Игравме тежок натпревар во кој немаше зрели шанси и само еден момент го одлучи дуелот. Двете екипи имаат се уште подеднакви шанси за пласман во полуфиналето и јас верувам дека екипа како Работнички има сили и квалитет да го сврти резултатот и да обезбеди полуфинале во Купот. 

Нема коментара:

Постави коментар