ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. ТИМОТ НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ СО ПРЕДИЗВИК
ДАЛИ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ БОРИ ЗА ВРВОТ ИЛИ НЕ
Пелистер остава зад себе уште една работна недела и со
големо нетрпение го очекува новиот предизвик кај новиот прволигаш Македонија
Ѓ.П. Тренерот Бочевски и стручниот по денешниот утрински тренинг ќе одлучат кои
фудбалери ќе го почнат мечот, а дилемите главно се во одбраната и средниот ред.
Битолчани сезоната ја почнаа со Драгарски и Менде Степановски во последната линија, а на крајот на првата третина од шампионатот тандемот на централни дефанзивци во Ѓорче Петров најверојатно ќе биде Ковачев - Брдаровски. И покрај тоа што има повреда на зглобот здобиена на мечот против неговата бивша екипа Работнички, Брдаровски најверојатно ќе игра, бидејќи на Пелистер бодовите му се апсолутно неопходни „Ова е еден од оние мечеви во кои треба да го покажеме карактерот на екипата. Сметам дека фаворит на овој меч нема и дека е многу тешко да се предвиди како ќе се одвиваат работите. Ние веруваме во квалитетите на оваа екипа и кога играме добро и кога понекогаш ќе потфрлиме. Вистината е дека оваа екипа има уште многу простор за напредок. И да не заборавиме дека имавме голема несреќа со повредите на клучни фудбалери како Ристевски, Демиќ и Главевски„ вели искусниот Илир Елмазовски, кој оваа есен со пет асистенции е најдобариот додавач на пелистерци.

Нема коментара:
Постави коментар