ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД, ПЕЛИСТЕР ГО ЗАПОСЕДНА ВРВОТ НА ПРВЕНСТВЕНАТА ТАБЕЛА ВО ПРЕСРЕТ НА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ СО ВАРДАР
Прва фудбалска лига - 9 коло
Пелистер -
Работнички 1:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер испишаа нова страница во клубската историја откако по подолго време пак се искачија на врвот на првенствената табела. Победата против скопски Работнички кој е во налет и на последните два натпревари со Напредок и Хоризонт Турново постигна 8 гола е и тоа како вредна.
Зелените брзо се отрезнија по поразот во Миравци и одиграа тактички стрпливо и во самиот финиш ја дочекаа својата шанса. Во меч без многу зрели шанси за гол, одлучи голот на младиот Александар Анастасов во 81 минута, што за фудбалерот од академијата на клубот е првенец оваа сезона по неколку добри асистенции. Подоцна уште 10 минути екипата на Драган Бочевски успеа да одолее на нападите на дебармаалци и по трет пат оваа есен славеше со минимални 1:0 под Тумбе кафе. Претходно така страдаа Еуромилк во 1 и Шкендија во 7 коло. Со овие три бода Пелистер е осамен на врвот и како лидер го чека големото „вечно дерби„ со Вардар наредната недела под Тумбе кафе. Како никогаш во последните години на пелистерци им се укажува шанса да се задржат да врвот и да играат главна улога во македонскиот фудбалски шампионат. Тоа секако треба да ја радува целата битолска и не само битолска фудбалска јавност.
Нема коментара:
Постави коментар