ПОВРЕДАТА НА
РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ФРЛИ ВО ВТОР ПЛАН ЛЕСНАТА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ
ВО БИТОЛА
Пелистер - Металург 20:34 (10:20)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Димитар
Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат:
Јован Василев (Битола)
Пелистер:
Тоскоски, Нечков,
Илиевски, Костовски, Ангеловски 3,
Гаревски, Чурлевски 2, Најдовски,
Тодоровски, Митевски 4,
Димитровски 3, Кузмановски,
Ивановски 1, Мемиќ 7, Божиновски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4
минути
Металург:
Станиќ, Митревски, Левов 3, Ракчевиќ 3, Димовски 2, Вугринец 9, Миркуловски 1, Георгиевски 2, Маркоски 1,
З.Мојсоски, Додер 2,
Батиновиќ 2, Јоновски 1, Мандиќ 2, Алушовски 6, Коражија
Седмерци: 7/
3
Исклучувања: 4 минути
Во навидум мирен и недраматичен
натпревар, првакот Металург скапо го плати данокот на бодовите освоени во
Битола. Имено на десет секунди до крајот на првиот дел, Гоце Георгиевски
„летна„ во контранапад и Александар Ангелевски постави тело и репрезентативецот
негодно падна на левата рака и страдаше коска од неговата шака. Подоцна беше
констатирано дека се работи за скршеница и дека сезоната за десното крило е
завршена. А мечот беше толку извесен што со исклучок на првите 10-15 минути,
немаше неизвесност. Металург при 7:9, направи долга позитивна серија и со
одлична игра во одбрана дојде до прва двоцифрена предност во 28 минута (9:19).
Станиќ и Вугринец одиграа коректно прво полувреме, а потоа Червар исто како и
Ракчевиќ, Алушовски и Миркуловски го повлече на клупата. Словенецот беше
посебно инспириран и постигна 9 гола за едно полувреме.
Во вториот дел шанса добија
Левов, Мандиќ и Батиновиќ и темпото и разликата останаа двоцифрени. Мечот мина
во нереална атмосфера во Битола, со скромна посета и без навивање. Пелистер го
губи чекорот со Европа и втора година најверојатно ќе остане без натпревари од
европските купови. Битолските судии Митревски и Тодоровски немаа тешка задача,
а таа што ја имаа одлично ја завршија.
Нема коментара:
Постави коментар