ОТВОРЕНИ НОВИ
ХОРИЗОНТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА БЕЛИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА
Денес заврши асфалтирањето на трите нови тениски терени кои
се наоѓаат кај градскиот стадион под Тумбекафе.Проектот е на Владата на Република
Македонија и Агенцијата за млади и спорт, финансиран од Буџетот на Владата на Република Македонија и
во висина од 11 милиони денари.
Со изградбата на тениските терени се создаваат можности за младите тениски таленти да се развиваат во идни професионални тенисери, но истовремено се овозможуваат услови и за сите рекреативци, кои во се поголем број се занимаваат со овој спорт. Тениските терени ќе бидат современи, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичена ограда и најсовремена подлога според сите стандарди на Светската тениска асоцијација. После асфалтирањето ќе следува и еден завршен слој како што предвидуваат условите за играње тенис, а ќе се уредува и околината на терените.

Нема коментара:
Постави коментар