ПЕЛИСТЕР ПОДОБРО СЕ НОСИ СО УЛОГАТА НА АУТСАЈДЕР, НО ВО
БОГОВИЊЕ НЕ СЕ КРИЕ ВО ПОТРАГАТА ПО БОДОВИ
Мирна фудбалска недела минуваат пелистерци во подготовката за велигденското коло и директниот дуел за опстанок со Дрита во Боговиње. Како да сакаат да ја префрлат улогата на фаворит на другата страна, бидејќи во таква ситуација зелените подобро се снаоѓаат. А мечевите на големиот православен празник Велигден им лежат на битолчани.
Најрадосниот Велигден им се случи пред пет години, кога Миранда со хет-трик и три бода ја врати зелената делегација од „вечното дерби„ Сега последниот меч со Вардар е лајтмотив кој пелистерци не можеа да го најдат и да го спроведат против Брегалница и Работнички. Во таборот на Здравков најголеми грижи создава повредата на Тони Вељановски, кој не настапи со дебар маалци, но веќе тренира и постои умерен оптимизам дека ќе го почне мечот во Боговиње. Посебно е важен неговиот настап заради акумулацијата на картони на Лескароски. Така на централната дефанзивна позиција во опција остануваат Драгарски, Тони Магловски и евентуално Тони Вељановски. Во потрага по вистинската есенска форма е и Благојче Главевски, кој е сеуште без гол оваа пролет, а повредата очигледно оставила траги врз него и физички и психолошки. Без неговите голови нема да биде едноставно да се обезбеди директниот опстанок и да се избегне баражот. Од гостувањата кај Дрита, Шкендија и Тетекс, многу работи ќе бидат појасни дали Пелистер има основа да се надева на пласман под деветтото место или не.

Нема коментара:
Постави коментар