ОТПОР ОД САМО ЕДНО
ПОЛУВРЕМЕ И ПОРАЗ ОД 16 РАЗЛИКА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АВТОКОМАНДА
Металург - Пелистер 35:19 (16:12)
Металург:
Станиќ (10 одбрани + 2 седмерци), Митревски (3 одбрани +
седмерец), Левов 1, Димовски 6, Вугринец 1, Наумовски, Георгиевски, Маркоски,
З.Мојсоски 2, Додер 5, Батиновиќ 3, Јоновски, Мандиќ 4, Алушовски 9, Коражија 4
Седмерци: 2/5
Исклучувања: 2 минути
Пелистер:
Нечков, Илиевски 1, Костовски 3, Ангеловски 7, Гаревски 1,
Чурлевски 1, Најдовски, Тодоровски, Дрогришки 1, Димитровски 2, Кузмановски 3,
Ивановски, Божиновски
Седмерци: 3/6
Исклучувања: 2 минути
Судии: Куртовиќ Цане и Георгиевски Митко од Скопје.
Делегат: Начевски Драган од Скопје.
Пред неколку дена
се одигра заостанатиот натпревар од третото коло на македонската
суперлига меѓу екипите на Металург и на Пелистер. Металург извојува рутинска
победа, со резултат 35:19 (16:12).
Почетокот на средбата им припадна на гостите од Битола. Металург поведе со 1:0, но гостите најпрво израмнија, а потоа го свртија резултатот во своја корист. Пелистер во два наврати водеше и со два гола разлика 3:5 (10 минута) и 5:7 (12 минута). Сепак, во втората половина на првиот дел Металург заигра поангажирано и во 16. минута стекна предност, која не ја испушти до самиот крај на средбата. Полувремето заврши со резултат 16:12. Во вториот дел работите дојдоа на свое место. Металург ја забрза играта и почна да го полни голот на Пелистер. Како што растеше разликата така паѓаше моралот кај гостинските ракометари. Во 34. минута беше 19:13, а во 42. минута 24:15. Потоа следеше серија од 6:0 за 30:15. Конечниот резултат од средбата е 35:19. Металург немотивирано го одигра првото, но сосема солидно второто полувреме. Се на се, нова победа на шампионот и три нови бода на нивното конто. На средбата, покрај претходно повредените ракометари, не настапија и Наумче Мојсовски, Миркуловски и Ракчевиќ. Одлична претстава на ветеранот Алушовски, кој постигна 9 гола.

Нема коментара:
Постави коментар