ЏК Пелистер
домаќин на подготовките на надежите од целта држава за балканскиот шампионат во
Охрид
Најдобрите млади џудисти и џудистки од Македонија, околу 30,
во јуниорска и во кадетска конкуренција, деновиве во Битола ги завршуваат подготовките за претстојниот Балкански шампионат што викендов ќе се одржи во
Охрид.
Домаќин на џудостите е џудо клубот Пелистер, а Ѓуро Илиќ по тој повод вели: „Се тренира напорно, двапати дневно, а на гостите им обезбедивме одлични услови за работа. Тука се најдобрите млади џудисти од Македонија, кои претходно успешно ги поминаа неколкуте филтри - меѓународните митинзи во Ниш и во Белград, како и државното првенство. Главно се работи на тактичко-технички план, се поправаат некои забележани недостатоци, а се прават и првични анализи на можните противници според сознанијата што ги имаме„ На годинашната Балканијада ќе настапат најдобрите млади џудисти од девет земји - Србија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Турција и од Македонија, над 450 во двете конкуренции „Инаку конкуренцијата е многу посилна и поголема од порано, така што ќе биде многу потешко да се стигне до медал, но ќе настапиме пред домашна публика и нема да биде изненадување доколку се закитиме со неколку медали во двете конкуренции„ велат првите луѓе на џудо федерацијата.

Нема коментара:
Постави коментар