УЧЕСНИКОТ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРЕСИЛЕН ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ
Пелистер - Металург 19:27 (8:11)
Спортска сала
„Младост“ - Битола. Гледачи: 1.500
Судии: Дејан и
Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)
Пелистер:
Арсиќ,
Даниловски, Стојановски, Дрогришки, Тодоровски 1, Борј. Маџовски 1,Гинов 3, Илиевски, Макрудов,
Топиќ 8, Крстевски, Митревски 1, Христов, Чачиќ 2, Ивановски, Вељановски,
Николиќ 2, Димитровски 1
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути
Металург:
Дупјачанец ,
Вуковиќ, Божовиќ 5, Бувиниќ, Костески 2, Крстевски, Кукоски 2, Кузмановски 4,
Бој. Маџовски 1, Матиќ 4, Матијашиќ 1, Петров 3, Талески 1 , Велковски 2,
Палевски 2
Седмерци: 2 /2
Исклучувања: 10 минути
Пелистер половина
полувреме му даде отпор на поквалитетниот тим на Металург, за потоа да се одбие
од зидот на скопјани, кои покажаа сериозност и на крај мирно го приведоа мечот
кон крај. Момците на Николовски влегоа мотивирано и играа многу агресивно во
одбраната, со стриктно чување на Јанко Божовиќ. Постојано водеа до 20 минута,
но направија груба грешка што со два-три промашени зицери го разбранија
Дупјачанец. Прилепчанецот беше инспиратор на пресвртот, по кој одбраната на
Червар многу подобро се организира, а стигнуваа и инвидуалните блесоци во
нападот. Во финишот на првиот дел, Кузмановски и Божовиќ ја направија разликата
од +3 на тимот од Автокоманда.
Во вториот дел,
уште од стартот гостите покажаа амбиција што е можно побрзо да го решат
прашањето на победникот. Така одбраната лесно ги неутрализираше битолчани, а
брзите контри доведоа до огромни 12:22 во 47 минута. До крајот распоредување на
силата и на минутажата и рутинска победа на фаворитот од 19:27. Во тимот на
Пелистер единствена светла точка беше Топиќ со 8 гола, а Металург одигра
колективно и разноврсно. Објективната битолска публика со аплауз ги награди
двете екипи за борбата и витештвото. Пелистер бодови и прекинување на лошата
серија ќе бара овој викенд против Металург 2 во Скопје.
Нема коментара:
Постави коментар