ПРВ ДОМАШЕН ПОРАЗ НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер -
Работнички 16:20 (10:10)
Спортска сала
„Младост“ - Битола. Гледачи: 1500
Судии: Сашо
Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Пелистер:
Арсиќ,
Даниловски, Стојановски, Дрогришки 7, Тодоровски, Гинов, Илиевски, Макрудов,
Топиќ 3, Крстевски, Митревски, Христов, Чачиќ 3, Ивановски, Вељановски, Николиќ
3
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8
минути
Работнички:
Ѓорѓевски, Левов
2, Илиќ 4, Н. Марковски 4, Димовски, Ф. Василевски, Стоилов 1, Марсениќ 1,
Алушовски, В. Марковски 1, Мојсоски 6, Ѓуроски, Јовчевски, А. Василевски 1,
Мирчев
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 8
минути
Во тврд и
натпревар со многу малку голови, Работнички издвојува значајна победа на
теренот на подновениот Пелистер. Битолчани добро го отворија мечот и поведоа со
3:0, а гостите цели 10,11 минути беа без гол од игра. Но полека тимот на
Бошковски ја затвори одбраната и до одморот го стигна почетното водство на
Дрогришки и другарите. Младиот голман Ѓорѓевски одбрани неколку важни топки и
од почетокот на вториот дел, гостите поведоа. На моменти Работнички имаше и +4,
а Пелистер се потпре на помала ротација и наиде на дефанзивниот блок на
противникот кој дозволи само 5 примени гола во 28 минути од второто полувреме.
Така мечот стануваше се понервозен и во тоа брзање да се стигне водството,
битолчани направија поголем број на технички грешки. Заслужена радост на
дебармаалци сред Битола со 16:20, што претставува прва историска победа на
Работнички на теренот на Пелистер во натпревар за бодови. Домашните ракометари,
стручниот штаб, управата и гледачите имаа жестоки протести на арбитражата на
Кркачев и Колевски.
Нема коментара:
Постави коментар