ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН И НА ГОСТУВАЊЕТО ВО РАДОВИШ
Радовиш -
Пелистер 26:25 (13:8)
Битолски Пелистер се врати од бездната и донесе неизвесност
на дуелот со Радовиш, но во последната секунда домаќините преку Миле Ордев
постигнаа гол за триумф од 26:25 (13:8) во меч од 7 коло на машката ракометна
Супер лига. Со овој триумф Радовиш е на делба на 6 место со екипата на Пролет,
со по 9 бода, додека Пелистер останува на претпоследното место со само три
бода.
Слично беше и на претходниот меч во Охрид кога Пелистер исто така имаше
шанса, но на крајот загубија. Сега во Радовиш неизвесни беа последните 10
минути кога Пелистер успеа да израмни, а потоа и да поведе. Седум минути се
играше „гол за гол", а инфаркт завршница имаше во последната минута. Прво
Илиев израмни на 25:25, а потоа Пелистер имаше шанса повторно да реализира.
Откако тоа не им успеа, останаа уште 9 секунди, а тренерот на домаќините
Владимир Глигоров побара тајм аут. Васко Димитровски беше исклучен поради груб
фаул, па Пелистер остана со шест играчи. Тоа го искористи Радовиш и преку Ордев
во последната секунда постигна гол.
Нема коментара:
Постави коментар