ВТОР ГОСТИНСКИ ПОРАЗ ЗА ВОЗОБНОВЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕР ЛИГАТА
Вардар Јуниор -
Пелистер 24:23 (13:12)
Спортска сала
„СРЦ Кале„ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Дејан и
Димитар Георгиевски (Скопје)
Вардар Јуниор:
Чаневски,
Ивановски, Костовски, Спасовски, Недановски 5, Георгиевски, Тренчевски 2,
Чурлевски 5, Ангелов, Јовчевски 1, Андовски 6, Симиќ, Ристов, М. Манасков,
Поповски, Вујачиќ 5
Седмерци: 6/2
Исклучувања: 12
минути
Пелистер:
Арсиќ, Даниловски,
Дрогришки 7, Тодоровски, Гинов 1, Илиевски 2, Макрудов, Топиќ 5, Крстевски,
Митревски, Христов, Чачиќ 6, Ивановски, Вељановски, Николиќ 2
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 8
минути
По еуфоричната
победа против Тинекс Пролет на прославата од 60 години ракомет во Битола,
избраниците на Игор Николовски и Кире Поповски загибија во тесна завршница на
гостувањето кај Вардар Јуниор. Младите момци на Пепи Манасков предводени од
бившите пелистерци Филип Чурлевски и Владо Недановски на почетокот од вториот
дел го направија одлучувачкото одлепување. Како и во Прилеп, на зелените им се
случи одлично прво и многу слабо второ полувреме, па противникот тоа целосно го
искористи. При 14:14, момците на Манасков направија серија 5:0 и тука го
скршија отпорот на битолчани. До крајот Топиќ и Чачиќ залудно го враќаа
Пелистер во мечот, но поразот беше неминовен. Уште еднаш се потврди колку е
тешко да се освојат бодови во гости во оваа изедначена лига. Во наредното
четврто коло, Пелистер го дочекува Работнички кој сезоната ја почна исто така
променливо со две победи и еден пораз по првите три кола.
Нема коментара:
Постави коментар