КАКО И НА ТУРНИРОТ ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ВО ПРИЛЕП
Прилеп - Пелистер 26.21 (9:9)
Во пелагониското дерби од новата Супер лига, Пелистер и покрај повисоките амбиции и буџет,
загуби во Прилеп со 26:21 (9:9) Почетокот на натпреварот им припадна на
ракометарите од Битола, кои по првите 6-7 минути имаа +3. Сепак домаќините во
централниот дел од првото полувреме го изедначија резултатот на 6:6, а и прв пат
поведоа во 28 минута (9:8).
Во вториот
дел како да играше само екипата на Томче Петрески. Постојани Прилеп имаше 2-3
голови предност. Екипата на Николовски последниот обид да се доближи го имаше
во 36 минута, кога за последен пат го изедначи
резултатот на 11:11. Прилепчани со цврстата одбрана се одлепија до 22:17и лесно
стигнаа до финална победа од 26:21. Во наредното коло Пелистер го пречекува
тимот на Пролет, в сабота од 19:30 часот, во меч во кој клубот ќе прославува 60
години ракомет во Битола, а навиваќката група „Чкембари„ ќе го одбележи
јубилејот, три децении постоење.
Нема коментара:
Постави коментар