ПО ПОРАЗОТ ВО ПРИЛЕП, ПЕЛИСТЕР СЕ ОПОРАВИ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ ТИНЕКС ПРОЛЕТ
Ракометарите на
Пелистер одговорија на „фрлената ракавица“ и на денот на кој ракометот во
Битола прослави 60 години постоење, а навивачката група „Чкембари“ три децении
од своето формирање, го совлада Тинекс Пролет со 9 гола разлика. Битолчани,
добро беа мотивирани за овој меч, па
сега не оставија ништо на случајност.
Новото засилување Младен Чачиќ постигна 6 гола во триумфот на Пелистер над
Пролет од 30:21 (14:8). Уште по првото полувреме беше
јасно кој е поблиску до бодовите, зашто Пелистер водеше со +6. Петар Топиќ постигна 6 гола, а Стефан Дрогишки додаде уште 5 за Пелистер. Кај гостите,
Мајнов, Јовановски и Андоновски постигнаа по 5 гола. Во спортската
сала „Младост“ близу 2500 гледачи дојдоа да го подржат новиот проект на
пелистерци и цел натпревар навиваа за избраниците на Николовски. Екипата покажа
карактер по поразот во Прилеп и со тоа се врати и позитивната клима во
соблекувалната. Во наредното трето коло, битолчани му гостуваат на Вардар 2,
каде тренер е бившиот пелистерец и легенда на нашиот ракомет, Пепи Манасков.
Нема коментара:
Постави коментар