ГРАБ НЕ ЗАДОВОЛИ И ПЕЛИСТЕР ЌЕ БАРА НОВ ДЕСЕН БЕК НА 8 ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Босанскиот
интернационалец Марио Граб не е повеќе член на Пелистер. Тој мина еден месец на
проба во битолскиот клуб, за кој одигра дел од турнирот во Прилеп и пријателски
натпревари низ Србија, но веројатно не задоволи.
Левиот бек од Б и Х е слободен
да си бара нов ангажман, а Пелистер на една недела до почетокот на шампионатот
во Супер лигата е без класичен прв избор на позицијата десен бек. Во плановите
на управата веројатно е доведување на уште еден ракометар на таа позиција, но
нема да биде лесно да се пронајде некој по теркот на битолчани. Пелистер
дебитира во Прилеп против соседниот ривал наредната сабота, а првиот меч на домашен
терен го игра на 26 септември против Тинекс Пролет.
Нема коментара:
Постави коментар