ИАКО ВО РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ, ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР ЌЕ СЕ СРЕТНАТ И ОВАА СЕЗОНА
Освен ремито со
Тетекс и проблемите со повредени фудбалери, пелистерци имаат уште една голема
преокупација во името на наредниот противник. Иако шампионатот е голем
приоритет пред Купот, утре во Скопје Пелистер ќе му гостува на Вардар во
осминафиналето на најмасовното натпреварување во нашата земја.
Тренерот
Штерјовски и против „штофарите“ имаше големи проблеми со составувањето на
тимот, а ќе ги има и во среда. Повредени се скоро сите централни дефанзивци, па
сигурно нема да играат Додевски и Степановски, се повреди и Ацески уште во
првиот дел на мечот во саботата. Мотивацијата за овој меч не е доведена во
прашање, но дилема е со каков тим битолчани ќе излезат на мегдан против
шампионот. Ќе се сретнат две екипи кои и натаму немаат пораз во официјален
натпревар оваа сезона, а како никогаш до сега Вардар е фаворит за пласман во
четвртфиналето. Најавено е гостување на „Чкембарите“ кои минатата недела
прославија 30 години од своето постоење. Зоран Штерјовски би бил пресреќен ако
Пелистер пред реваншот се врати со позитивен резултат, но извесно е дека голем
приоритет ќе има и саботното гостување кај Скопје во рамките од 7 коло на
Втората фудбалска лига.
Нема коментара:
Постави коментар