НОВО СУПЕРЛИГАШКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ХЈС РАБОТНИК
Младиот 21
годишен голман, кој е производ на школата на Пелистер, Мартин Јовановски, од
денес е нов член на членот на Првата лига, ХЈС Работник од Битола.
Откако во
ростерот на Пелистер беше прекуброен со доаѓањата на Арсиќ и Даниловски,
талентираниот Јовановски беше ослободен од обврските од суперлигашот и како слободен
ракометар потпиша на две години со ХЈС Работник. Минатата сезона Мартин Јовановски
беше стандарден меѓу стативите на мечевите од домашниот шампионат и двата
европски натпревари од Челинџ Купот против Дукла од Прага. ХЈС Работник ја
продолжува својата стратегија да потпишува млади и приоритетно битолски
ракометари, па сега во ростерот има голем број момчиња со искуство од
Суперлигата. Со така конструирана екипа, тимот кој го водат Марковски и Зарков
ќе биде еден од фаворитите за промоција во најсилната ракометна категорија во
нашата земја.
Нема коментара:
Постави коментар