НОВИ ПРОБЛЕМИ НА РЕЛАЦИЈА ФК ПЕЛИСТЕР - ЧКЕМБАРИ
Откако пред неколку дена побараа ревизија на договорот меѓу
општина Битола и Цермат ДОО, навивачката група „Чкембари„ на Куп мечот со 11
Октомври во Прилеп протестираше против акционерите во клубот. Деновите отиде
уште подалеку и го пречкрта логото на компанијата „Цермат„ на нивните производи
низ градот. Веднаш со соопштение се јави ФК Пелистер и компанијата „Цермат„ со
разјаснување на ситуацијата. Соопштението ви го емитуваме во целост:
Известување за актуелните состојби околу ФК ПЕЛИСТЕР
После подолг период на лични дисквалификации, навреди и
закани од страна на одредена група на навивачи, принудени сме да реагираме и да
ја информираме спортската јавност во Битола и пошироко. Со превземањето на
сопственоста на ФК ПЕЛИСТЕР од страна на Цермат ДОО, се пристапи кон
организациско и спортско консолидидање на фудбалскиот клуб на кое што поле се
постигнаа одередени резултати. Со оглед на наследената состојба внатре во
клубот, како и во неговата непосредна околина, а кусиот временски период, резултатите
потфрлија на спортскиот план, иако на организациски план беа преземени сите
неопходни мерки околу спортските припреми, финансиска консолидација и
стабилизирање на финансиите, преку редовна исплата на обврските према
вработените, добавувачите и државните органи. Во периодот од превземањето, па
се до денес, во континуитет се присутни навреди, закани и дисквалификации кон
членовите на Управниот одбор на ФК ПЕЛИСТЕР, сопственикот на Цермат ДОО и
актуелниот градоначалник на Општина Битола. Во последно време се случува и атак
врз материјални добра кои се во сопственост на Цермат ДОО, преку нивно
оштетување. За ваквите постапки немаме рационално прифатливо објаснување, од
проста причина што желбата на сопственикот и градоначалникот е преку управата
на клубот да направи респектабилен и стабилен фудбалски клуб. и во спортот,
како и во секоја сфера, се случуваат и спортски неуспеси. За жал, ваквите
постапки веќе ги одвратија идните потенцијални сериозни спонзори на клубот и на
спортот во Битола воопшто, со кои веќе беа постигнати начелни договори, а со
ваквите тенденции, во прашање веќе е доведено и понатамошното учество на
главниот спонзор.
Нема коментара:
Постави коментар