ТРИ НОВАЈЛИИ И ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ПОСИЛЕН ПЕЛИСТЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА
На денешната
средба со новинарите, РК Пелистер ги претстави тројцата нови ракометари кои
пристигнаа од Металург: Даниловски, Маркудов и Маџовски и сите тие искажаа
огромен ентузијазам што доаѓаат во голем клуб.
„Доаѓам во голем клуб и со
нетрпение чекам да започнат натптеварите. Одлично сме примени и и благодарност
до управата, тренерот и соиграчите. Костурот на екипата е млада екипа и
перспективата е пред нас. Верувам дека добро ќе се подготвиме за главната цел која
е место во плеј-офот, а зошто да не и излез во Европа„ изјави Борјан Маџовски.
Битолчани ги обновија договорите и со Илиевски и Николиќ и тимот зановата сезона
е речиси формиран. „Јас во Пелистер и во Битола се чувствувам како дома, па
така беше и минатата година, така е и сега. Огромна е разликата во тимот и
организацијата од минатата сезона до оваа и верувам дека сите заедно сме на
правиот пат„ истакна Богдан Николиќ, кој втора сезона ќе го носи зелениот дрес,
откако се врати од Романија. „Повеќе години сум во клубот и овие потези на
почетокот од новата сезона се за поздравување. До овој момент се тече
беспрекорно, формираме млада екипа и верувам дека добро ќе се подготвиме„ рече
еден од поискусните во екипата, Игор Илиевски. До крајот на преодниот рок,
Пелистер ќе донесе уште еден десен бек, а најверојатно и тој ќе биде странско
засилување.
Нема коментара:
Постави коментар