ЗАРАДИ ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ КОЈА СТРУМИЧАНИ ЈА ТЕМПИРАА ЗА СЕХА ЛИГАТА, ВИЦЕШАМПИОНОТ ГО ДОБИ ТЕСТОТ СО ПЕЛИСТЕР
Макс Струмица - Пелистер 23:17(12:8)
Македонскиот вицешампион Мак Струмица синоќа на домашен
терен го совлада Пелистер со 23:17 (12:8). Иако во почетната фаза од мечот
Пелистер водеше со +4, сепак квалитетот на момците на Андонов дојде до израз и
Макс
Струмица дојде до значајна победа пред стартот на СЕХА лигата веќе овојв
викенд. Струмичани покажаа дека нивното ниво на подготовки е над останатите
членови на македонската Суперлига и ова е втора истоветна победа по онаа пред
три дена во Радовиш. За Пелистер настапија сите засилувања Топиќ, Маркудов,
Даниловски, Борјан Маџовски, Арсиќ, Митревски и Граб. Наредните пријателски
мечеви пелистерци ќе ги одиграат на меморијалниот турнир „Миле Нешковски„ во
Прилеп од 28 до 30 август во Прилеп.
Нема коментара:
Постави коментар