БАРАЖОТ ВО СКОПЈЕ
БЕШЕ КОБЕН ЗА МЛАДИОТ БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ БИТОЛА, КОЈ СЕ СЕЛИ ВО ПОНИЗОК РАНГ
Струга - Битола 21:20
(11:11)
Одлучувачкиот натпревар се одигра во Скопје во салата „11 Октомври“, каде ракометарите на Струга на крајот се радуваа на толку посакуваната победа која им ја донесе суперлигата. Потсетување покрај Струга, која како второпласиран во првата лига преку бараж се избори за Суперлигата, веќе ретходно екипата на Радовиш како шампион го обезбеди суперлигашкиот статус за следната сезона. Дали повторното враќање по подолга пауза на Струга во елитата ќе донесе подобри денови во клубот од кој произлегоа голем број наши репрезентативци, браќата Мојсовски, браќата Марковски, Јоновски, Кукоски, Ојлески, Даскалоски... останува да видиме. Од градот на Црн Дрим направија подготвува голем дочек на ракометарите и прослава за успехот кој ќе биде во организација на навивачката група Паткари. По две сезони во елитата РК Битола се враќа од Суперлигата во Првата лига и ќе се обиде експресно да направи кам-бек во најсилното друштво.
Нема коментара:
Постави коментар