ВО БИТОЛА ПРЕД
ГОЛЕМ АУДИТОРИУМ, ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „ЉУПЧО НЕДЕЛКОВСКИ„
Овој викенд во
спортската сала „Младост„ во Битола се одржа четвртиот меморијален турнир
„Љупчо Неделковски„ во организација на кик-боксинг федерацијата на Македонија и
КК Самурај од Битола. Пред повеќе од 2000 љубители на овој спорт, кој во нашата
земја е во голем прогрес, близу два часа љубителите на кик-боксот видоа седум
одлични борби и многу добри резултати на македонските кик-боксери. За најдобар натпреварувач на турнирот прогласен е македонскиот натпреварувач, Димитар Георгиев, кој во својата категорија со совлада србинот Драгишиќ по големо витештво. Битолската публика посебно мотивирана ги бодреше нивните сограѓани Александар Димовски - Димса и Александар Најдовски - Сканта кои издвојуваа победи во своите категории. Претседателот на Македонската кик-бокс федерација, Александра Неделковска, на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, му врачи благодарница и плакета за неговиот голем придонес и континуирана поддршка за развој на кик боксот во Битола. Турнирот го прогласи за отворен градоначалникот Талески кој потсети на големите успеси во кик боксот на спортистите Гордана Цветковска Бошевска и Тони Бошевски, кои на Битола и донесоа медали од светски натпревари: „Ви честитам за прекрасната организација и Ви посакувам успешен турнир. Битола постојано покажува дека има исклучителни спортски таленти, затоа и нашата поддршка е континуирана. И во идниот период продолжуваме да вложуваме во развојот на спортот во нашата општина. Овој куп е уште една потврда на потенцијалот со кој располага Битола за развој на кик боксот. Високиот адреналин веќе се чувствува во публиката. Чест ми е и официјално да го прогласам за отворен четвртиот меѓународен меморијален кик - боксинг куп.", рече Талески.
Предборби
-71кг. Дејан
Дамевски (Македонија) - Рикард Блекаи (Албанија) 0:3
-67к. Бојан
Крстевски (Македонија) - Марио Брахими (Албанија) 1:2
Професионални
борби
-75кг. Ненад
Манојловски (Македонија) - Ремзи Адаџи (Црна Гора) 1:2
-75кг. Димитар
Георгиев (Македонија) - Слаџан Драгишиќ (Србија) 3:0
-75кг. Далибор Огненов (Македонија) - Марко Николиќ
(Црна Гора) 3:0
+91 кг. Александар
Димовски - Димса (Македонија) - Мирослав Вујовиќ 3:0
-81кг. Александар
Најдовски - Сканта (Македонија) - Митар Николов (Црна Гора) 3:0
Натпреварувањето одлично беше
организирано, а присуствуваа и првите луѓе на македонската кик боксинг
федерација, селекторот Дејан Митревски - Урко, а посебно голем интерес привлече
легендарниот црногорски кик-боксер Игор Стругар - бивш петкратен европски првак
во пет различни категории. Во неделата во спортската сала ,,Младост " се
одржува и Државното јуниорско и кадетско првенство кое е изборно за
претстојното Европско првенство во Полска во месец септември.
Нема коментара:
Постави коментар